Активисти на ДУИ во Струга започнаа да ја прославуваат победата на нивниот кандидат, Рамиз Мерко. Од ДУИ велат дека според првичните неофицијални резултати, Мерко однел убедлива победа над противкандидатот од ПЕИ, Фијат Цаноски.

Од ПЕИ вечерва изнесоа бројни забелешки на регуларноста на изборниот процес во Струга. Оттаму обвинуваат за бројни нерегуларности поради што нивните членови на избирачките  одбори не потпишале голем број од записниците. Неофицијално ПЕИ ќе бара прегласување на изборите во Струга.

Ohridnews