На состанокот на претседателството на ДУИ што се одржа вечерва партијата донела одлука на следните претседателски избори да настапи со сопствен кандидат.

 

Одлуката ја соопшти вицепремиерот Бујар Османи, кој не ја исклучи можноста од коалицирање на претстојните избори.

Едногласно претседателството одлучи дека ДУИ на овие избори ќе оди со свој кандидат, меѓутоа даде можнот доколку во наредните денови се создадт предуслови за некаква соработка на ДУИ со други политички партии за наредните претседателски избори, претседателството го овласти претседателот на партијата да разговара со другите партии на Албанците или со партии од другите партии на другите етнички заедници за концептот на консензуален кандидат, доколку за тоа постојат услови. – изјави вечерва Османи.

OhridNews