Владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ до Собранието доставија предлог закон со кој се забранува натамошно објавување на прислушуваните разговори. Со овој закон се забранува ре-објавување на веќе објавените „бомби“, а нови материјали директно да се достават до Специјалното јавно обвинителство.

Талат Џафери од ДУИ, изјави дека меѓу партиите има консензус за овој предлог закон и дека истиот е дел од договорот во Прижино, а од СДСМ го негираат тоа. За законот треба да се гласа по итна постапка и би стапил на сила следниот ден откако ќе биде изгласан. Текстот предвидува кривична одговорност за оние што ќе продолжат да ги објавуваат бомбите.

Џафери порача дека доколку се усвои законот, медиумите ќе мора да ги симнат од своите веб сајтови веќе објавените материјали.

OhridNews

извор Макфакс