Демократската унија за интеграција по состанокот на партискиот Генералниот совет во Гостивар ги официјализира седумнаесетте кандидати за градоначалници и носителот на листата за Совет на град Скопје. На состанокот, по предлог на Ахмети, членовите на генералниот совет едногласно ја избрале листата на кандидати за градоначалници на изборите на 17 октомври.
Кандидат на ДУИ во Студеничане ќе биде Ејуп Абази, во Чашка – Суат Шаќири, во Дебар -Хекуран Дука, во Липково – Еркан Арифи, во Врапчиште – Неби Реџепи, во Струга – Рамиз Мерко, во Желино – Фатмир Изаири, во Боговиње – Бесник Емшиу, во Теарце – Нухи Незири, во Пласница – Али Јаоски, во Брвеница – Аркин Јахии, во Сарај – Блерим Беџети, во Чаир – Висар Ганиу, во Кичево – Фатмир Дехари, во Гостивар – Невзат Бејта, во Тетово – Теута Арифи и во Арачиново – Ридван Ибрахими.
Кандидатот за општина Долнени ќе биде одреден наредните денови, а носител на листата на советници на град Скопје ќе биде Ардијан Муча.
OhridNews