Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро ги демантира сите обвинувања искажани на денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, обвинувања кои ги има само на неговите најави.
Ова се наведува во реакцијата на ДУИ на ткн. 38 бомба на СДСМ, која с еоднесуваше на функционери на ДУИ.
„Самиот факт што разговорот на претседателот на партијата со претседателот на Чаирскиот огранок, а кој се однесува за продажба на партискиот имот во Скопје (за кои ќе презентираме докази) се претставува како криминал, зборува за вистинската намера на прес конференцијата“, стои во реакцијата.
ДУИ останува на ставот да се објават сите прислушувани разговори кои се однесуваат на оваа партија, без притоа, како што се наведува, да се извртат со цел свесно погрешно интерпретирање и манипулирање со јавноста, истите да се процесираат низ институциите според желбите на опозицијата.
„Доколку низ постапка се докаже вина, ДУИ нема да заштити никого, но исто така доколку се докаже дека обвинувањата се засновани на тенденциозни вадење од контекст на приватни разговори помеѓу функционери, истото да се објави“, велат од ДУИ.
OhridNews
Извор:„Макфакс“