Демократската унија за интеграциии (ДУИ) денеска ќе се изјасни во однос на ставањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко на црната листа на САД. Министерот за финансии Фатмир Бесими, кој доаѓа од оваа партија, која е дел од владината коалиција, изјави дека од партијата ќе има став и изјава во однос на тоа.
И таму во однос на тоа во програмата е ветингот и воопшто во земјата ќе имате став од партијата, рече Бесими.
Тој не сакаше да одговори како тој гледа на оваа ситуција и ставањето на Мерко на црната листа.
Ме прашувате за политичко и за партиско прашање. Тоа ќе го добиете денеска во текот на денот од партијата, рече Бесими, кој беше на конференција во МАНУ.
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ смета дека е добро да се позанимаваме со случајот со Мерко и нашите институции.
Секој сигнал од нашиот стратешки партнер треба сериозно да се зема предвид. А околу политичките чекори и натамошните институционални чекори треба да каже секако политичката партија на која и припаѓа гоисподинот Мерко и надлежните институции, рече Маричиќ.
OhridNews