15 000 виенски канти за отпадоци ќе добијат нв изглед. Покрај телефонскиот број на комуналното претпријатие ќе добијат и натписи од типот нахраниме, отворено 24 часа и слично. Целта на оваа акција е да се привлече вниманието на минувачите и да се зголеми чистотата во градот.


Во рамки на оваа акција спроведени се и многу други мерки. Покрај зголемувањето на бројот на комуналните работници за 20% зголемен е и бројот на автомати со бесплатни кеси за отпадоци.