Книгата “Дух“ од Ју Несбе, најверојатно е најдобриот криминалистички роман на сите времиња, со сплет од повеќе случувања.

Во 1944 година во рововите покрај Ленинград загинува норвешкиот доброволец Даниел. Во една виенска болница ранет војник се представува како Даниел. Помеѓу него и болничарката Хелена се раѓа љубов.

Во 1999 година поради низа несреќни околности, Хари Хуле го застрелува агентот на американската тајна служба во текот на посетата на председателот Клинтон на Норвешка. Хуле го префрлуваат во полициската служба за безбедност каде што добива задача да ги провери информациите за шверцерите на оружје со контактите во нацистичката околина . Во 2000 година додека снегот се таложи по улицете на Осло, на сцентата стапува убиец со умисла.
“Дух“ е возбудлив роман полн со изненадувања, кој зборува за моќта предавството и вината. Уште една извонредна книга. Уживајте!

Рубриката „Книга“ е уредена во соработка со Градската библиотека „Григор Прличев“