– Очекувам добар, цврст и неизвесен натпревар. Сигурно дека црногорската но и нашата фудбалска јавност очекува уште еден интересен дуел Пандев – Вучиниќ и мислам дека квалитетот на нашиот противник во тој поглед гарантира квалитетен натпревар. Црна Гора во последните неколку настапи,особено на средбата со Италија покажа дека располага со квалитетен и пред се борбен тим кој не респектира никој и ќе се обиде против нас да постигне добар резултат. Она што е важно за нас е да ги прикажеме игрите од претходните три средби и со подобра концентрација во нападот да ги завршиме создадените прилики со што се надевам дека конечниот епилог ќе биде во наша корист – вели Горан Пандев.
Почетокот на натпреварот е во 17.30ч. Судиската тројка е од БиХ на чело со Паниќ Ново.