Фудбалерите на Шкендија се на добар пат да  ја пропуштат и втората шанса за некој поголем успех во фудбалска Европа, откако во Скопје во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на Европа изгубија со 2-1 од Дуденланж.

„Црвено црните“ дојдоа до предност со погодокот на Агим Ибраими од пенал во седмата минута. Наместо да го финишираат противникот во вториот дел домаќините се опуштија, што резултираше со комплетен пресврт. Во 64-та минута гостите израмнија преку Бетаиб после големата грешка на голманот Реџепи. Во 68-та минута Реџепи го собори играчот од гостите во казнетиот простор, а ударот од белата точка во погодок го претвори Синани.

Во реваншот, тетовчани, ќе имаат ултра тешка задача, бидејќи ќе треба да победат со два голови разлика или со еден но да постигнат најмалку три погодоци.

OhridNews