Страдун синоќа околу 20 часот беше блокиран поради проба и усогласување на телохранителите и сите луѓе кои работат на обезбедувањето на локацијата на која ќе се снима осмото продолжение од филмот „Војна на ѕвездите“. Во стариот центар на градот се се поинтензивни подготовките за снимањето кое почнува на осми, а завршува на 16. март.
Страдун, плажата Бање и Кнежев двор се само некои од локациите на кои ќе се снима, а се шушка дека во Дубровник доаѓа актерот Бенисио дел Торо. Да потсетиме, продукцијата потврди дека почна снимањето на “Star Wars VIII” во Лоднон, а премиерното прикажување е најавено за 15 декември 2017 година.