Ролф Бухолц, човекот со најмногу пирсинзи на светот, не можел да влезе во Дубаи каде требало да учествува на една хотелска презентација, јавуваат светските агенции. Официјалните лица на аеродромот во Дубаи не објасниле зошто му забраниле влез на 53-годишниот германец кој има 453 пирсинзи плус два рогови на челото. Бухолц со првиот авион бил испратен во Турција. Портпаролот на хотелот каде требало да се појави рекол дека менаџментот на хотелот и покрај сите обиди не успеал да добие дозвола за негово влегување во емиратот, иако Дубаи се смета за најотоворена од сите заливски монархии.
Со ветување дека никогаш нема да се врати во Дубаи, иако таму му останал багажот, Бухолц на Твитер навел дека на крајот и добил одговор зошто не му било дозволено да влезе во Дубаи. Навел дека вработените во емиграционото мислеле дека е црна магија. Бухолц, кој работи на информациони технологии, во 2012 година влегол во Гинисовата книга на рекорди како човек со најмногу пирсинзи.