Кулата Дубаи Еден ќе биде изградена како дел од комплексот Мејдан Еден кој вреди 4,3 милијарди фунти. Во целиот комплекс ќе можат да живеат 78 илјади луѓе, а ќе има 885 станови. Комплексот Мејдан ќе биде дом на највисокиот облакодер на светот, најголемиот трговски центар и многу други екстравагандни проекти. Кулата Дубаи ќе биде висока 711 метри, а ќе биде и изградена фонтана која танцува, голем трговски центар, спортски центар со површина од 25 илјади квадратни метри, плажа од 300 метри, хотел со 300 соби и марина.
Одморалиштето за скијање во Дибаи во трговскиот центар Емирати сеуште е најголемо на светот според Гинисовата книга со својата стаза долга 300 метри. Но, во новиот спортски центар ќе биде изградена стаза долга 1,2 километри. Во рамките на трговскиот центар ќе постојат 300 ресторани и кафулиња и сите ќе бидат под покрив кој се отвара и кој за време на зимските месеци може да се отстрани. Моментално највисока зграда на светот е кулата “World One” во Индија. Таа засега е висока 442 метри и се планира дека ќе биде завршена следната година. Стан во неа ќини од 770 илјади до 5 милиони фунти. Првата фаза за изработка на Мејдан Еден ќе биде готова во наредните пет години.