Пловечки вили на три нивоа, со спална соба под вода, ќе го здогледаат светлото на денот во Дубаи во 2016 година. Цента на вилите ќе биде околу 1,6 милиони евра и ќе бидат сместени во архипелагот вештачки острови изградени долж Дубаи. Планирата е изградба на вкупно 42 вили бродови, а како што велат во компанијата која ги изведува работите, 35 се веќе продадени. Конструкциите на вилите ќе бидат завршени и испорачани кон крајот на 2016 година, како би биле поставени во рамките на проектот Ворд кој подразбира изградба на комплекси вештачки острови.

 

Пловечката вила всушност е триплекс, и на првото ниво, на самото дно, се наоѓа спална соба и тоалет со поглед на подводниот свет. На второто ниво, кое е незначително над водната површина, се наоѓа салон на отворено и тераса со поглед на околината, додека во внатрешноста на вилата е сместена трпезаријата. Над трпезаријата и отворениот салин се наоѓа и третото, последно ниво, замислено како простор за опуштање во кој има џакузи, чајна кујна, туш на отоврено како и простор за седење.