Проектот на новиот 1,1милијарди долари вреден парк во Дубаи ветува дека ќе бидете поблиску до праисториското доба отколку било кога порано. Паркот наречен Restless Planet ќе содржи повеќе од 100 електронски диносауруси од 40 различни видови.
Замислете како ве следи гладен Tyrannosaurus rex затоа што ве доживува како вечера. Restless Planet ќе биде тематски парк, дом на најголемата колекција електронски диносауруси. Прв е претставен токму T-rex, а ќе има вкупно 109 диносауруси. Паркот е во почетната фаза на изградба , а сигурно е дека во една од најпопуларните светски туристички дестинации, Дубаи, ќе привлече уште туристи желни за авантура и новитети. Отварањето е планирано за крајот на 2008 година, а паркот е сместен во делот на Дубаи во кој владее забава, City of Arabia.
Иако деталите се држат во тајност , проектантите во јавност пуштија промотивна видео снимка со главната ѕвезда T-rex. Освен забавата паркот ќе пружа можност и нешто да се научи.
„ Restless Planet предвидува визуелно, звучно и тактилно искуство. Посетителите ќе имаат можност да искусат некои моменти кои се случувале во дамнешното минато на планетата“ вели еден од директорите на проектот Мустафа Галадари. „Екстремно, реалистично и застрашувачко ,но истовремено и поучно искуство, Restless Planet на повеќе од 46 илјади квадратни километри ќе пружа извонредна забава“ изјавил Галадари.
Јасминка Т. Момироска