Дамјан Стојаноски е најпрецизниот играч во некомплетното прво коло од македнското кошаркарско првенство.

Поранешниот играч на Амак СП, сега член на амбициозниот Вардар Осигурување со 32 поени го заврши мечот против Овче Поле.

Втор на оваа топ 5 листа стрелци е Мухамед Тачи од МЗТ Скопје кој постигна 24 поени , недоволни да се спречи поразот од Плејмејкер Кубус. Трет на листата е Станимировиќ од Овче Поле со 23 поени исто колку има и Димчевски од Вардар 2000. Листата ја заокружува Зоран Петковски од Пелистер кој уфрли 19 поени во победата над Вардар 2000.

Најмногу топки под обрачите 12 собра Талевски од Пелистер, додека најпрецизно 7 пати додаде Грначаров од Вардар осигурување.

М.П.