Дамјан Стојаноски премина во редовите на Вардар Осигурување. Стојаноски кој беше слободен играч се одлучи да го прекине престојот во Охрид и кошаркарската кариера да ја продолжи во Вардар О.

Ниското крило во изминатите две години беше еден од стандардните играчи во тимот на Амак СП, а  и покрај најавите на првиот човек на клубот, Венко Шапкар за задржување на браќата Стојаноски, репрезентативците на Македонија, се се` подалеку од Охрид.

Досега КК Вардар Осигурување ги официјализира договорите со Перо Блажевски, Тони Симиќ, Дарко Радуловик и Дамјан Стојановски.

ohridnews