Американецот Ашрит Фурман(54) станал светски рекордер со тоа што држи најмногу гинисови рекорди, дури 100. Стоттиот го срушил на тој начин што читал песна на 110 јазици.
Вели дека од мал го фасцинирале гинисовите рекорди. Но не бил атлетски граден и мислел дека никогаш нема да собори некој рекорд. Ужива во предизвикот да биде најдобар во нешто. Меѓу останатите рекорди се и следниве: Направил 55 клекнувања во минута, изел 22 лука во минута, држел 22 топчиња за безбол во ракавица десет секунди, скинал 14 маици во минута, скршил 80 јајца од главата во минута и така натаму.