Ашрита Фурман во последните 30 години се покажал како најдобар во светот во 100 различни дисциплини, па заради тоа од Гинис добил признание за најплоден рекордер. Се превртувал наназад цели 20 км, преполовил 27 јаболка во воздух со меч и направил уште многу други необични работи. Меѓутоа тој не размислува да сопре.


Тренира да претрча еден и пол километар со пераи и да постави нов рекорд. Со Гинис станал опседнат уште како дете и сонувал да собори барем еден рекорд. Вели дека воопшто не бил атлетски граден, и дека како тинејџер започнал да ја проучува уметноста која му го променила животот.