Французинот Луј Колет го соборил светскиот рекорд во најдолг говор, така што без прекин 124 часа зборувал за шпанскиот сликар Салвадор Дали, каталонската култура и други теми.


Колет (62) кој работи во градската управа одржал предавање кое траело пет дена и пет ноќи во Јужна Франција и влегол во Гинисовата книга на рекорди. Рекордот го следеле и признале три службени претставници на Гинисовата книга.

Французинот воедно го соборил претходниот рекорд на Индиецот кој одржал говор долг 120 часа.