Французинот со каталонско потекло Луис Колет, стар 62 години, го соборил светскиот рекорд откако без прекин 124 часа држел говор, поточно 5 дена и 5 ноќи.
Колет, по професија кустос во музејот на каталонската уметност и традиции, го соборил претходниот рекорд од еден индиец кој држел говор долг 120 часа.
Рекордот бил соборен во бифе на железничка станица во Перпињан. Колет без прекин зборувал од понеделникот, 12 јануари од 10 часот до саботата 17 јануари до 14 часот. Бил под постојан надзор од лекари, а јадел само лесна храна за да не го прекине говорот.