Државно градежно земјиште наменето за изградба на куќи за индивидуално домување и за изградба на катни гаражи, ќе се продава на јавно наддавање по почетна цена од едно евро за метар квадратен, најави премиерот Груевски. Одлуката била донесена на последната седница на Владата, со цел, како што истакна Груевски, да им се овозможи на граѓаните да купат сопствено земјиште.
 
– Мерката на многу граѓани во иднина ќе им овозможи полесно и поевтино да можат да купат земјиште на кое ќе изградат куќи, а на многу инвеститори, кои досега се двоумеле поради високата цена на земјиштето или исплатливоста, да изградат катни гаражи со кои во значајна мерка ќе го решат проблемот со паркирањето, изјави вчера  премиерот Груевски.

Тој упати апел до градоначалниците да почнат да урбанизираат што поголем број парцели во нивните општини за изградба на куќи на земјиште кое е во сопственост на Република Македонија, по што, како што објасни, Министерството за транспрот и врски и Владата ќе објават огласи за јавно наддавање за да може секој граѓанин да лицитира земјиште со почетна цена од едно евро за метар квадратен.

OhridNews