Од први јануари 2010 година треба да отпочне процесот на трансформација на државното земјиште со кое во иднина ќе располагаат општините. Ова се предвидува  со измените во Законот за градежно земјиште што ги подготвува Министерството за транспорт и врски.

Сопственоста над земјиштето се смета за најголемата пречка за добивање градежна дозвола, поради што се очекува со законските измени да се поедностави оваа постапка.

И по преминување во општинска сопственост, како и досега, 80 проценти од парите од продажбата на градежното земјиште ќе одат во локалниот буџет, додека 20 проценти ќе се слеваат во државната каса.

Ohridnews