Денес во Охрид ќе се одржи Државно Таеквон-до ИТФ првенство, во форми и борби. Организатор на настанот е Таеквон-до клуб “МАСТЕР” од Охрид.
Учесниците ќе се натпреваруваат во категориите – деца, млади, постари млади, јуниори и сениори, во машка и женска конкуренција.
Првенството ќе се одржи во спортската сала „Билјанини извори“ (мала сала) со почеток во 11:00 часот, додека свеченото отворање на првенството е закажано за 12:00 часот.
Ќе бидат доделени медал и дипломи, како и пехари за најдобри поединци во машка и женска категорија и пехар за најдобар клуб.
OhridNews