В недела со почеток во 9 часот ќе се одржи Државното првенство во кајак за пионери и јуниори. Стартот на државниот шампионат ќе биде во девет часот од градското пристаниште, а целта на плажата „Пот Пеш“.
Учество на Државното првенство ќе земат стотина кајакари од пет клубови и тоа Ехо и Стрмец од Охрид, Радика од Дебар, Црн Дрим од Струга и Арка од Прилеп.
Мх.П.