Државно првенство во кајак и кану на мирни води ќе се одржи на 16 септември во Охрид во организација на Кајак кану клуб Стрмец.
На првенството ќе учествуваат клубовите Дрим Струга, Радика Дебар, Арка Велес, Црн Дрим Струга и организаторот Стрмец Охрид.
Државното првенство ќе се одржи на патеката Мазија (хотел Палас -хотел СУ) со почеток во 8.30 часот, информираат организаторите.
OhridNews