Во организација на едриличарскиот клуб „Стрмец“ од Охрид денеска на Охридското Езеро ќе се одржи државно првенство во едрење.
Ќе настапат едриличари од 4 клуба:АМАК СП Бофор,Снегар Струга,Пеликан Скопје и домаќинот Стрмец од Охрид.
Едриличарите ќе се натпреваруваат во 4 класи – оптимист,ласер стандард,Европа и Мистрал.Предвидени се 6 трки. Државното првенство требаше да се одржи вчера, но тоа е одложено за еден ден поради неповолните временски услови, односно немањето ветер.
ohridnews