Охридската екипа во бразилска џиу џицу во спортската сала во Основното училиште Христо Узонов беше домаќин на Државното клубско првенвство на кое учествуваа шест тимови од Македонија.
Во склоп на клубското првенството се одржа и семинар, а за прв пат пат правдата во текот на борбите ја делеа македонски судии.
Охридската екипа заврши втора во вкупниот пласман со 61 поен, после скопскиот клуб кој собра 111 бодови. На третата позиција финишираше клубот од Битола, а потоа следуваа Прилеп, Куманово и Тафталиџе.
– Задоволни сме од нашиот пласман, а пред се од одзивот кој го имаше на првенството и семинарот. Се надевам дека ова ќе биде почеток на нова традиција во нашиот град. – рече Дејан Чолески.
Почесен гостин во Охрид беше претседателот и основачот на клубовите за боречки вештини, Алексовски кој на семинарот презентираше дел од акумулираното искуство.
Ohridnews