Вториот Национален тренинг на државните инспектори за животна средина и заштита на природата, започна попладнево во вилата „Денариус“ во Охрид.


Учесниците на средбата во наредните два дена ќе дискутираат на повеќе теми од интерес на Државниот инспекторат за животна средина, ќе бидат разгледувани одредени европски директиви транспондирани во македонското законодавство, ќе биде претставен напредокот во инплементацијата на европската легислатива од оваа област. На состанокот ќе бидат спроведени и повеќе стручни активности како што се изработката на годишните планови и извештаи и изработка на т.н. листа на проверка, за на завршниот состанок да бидат сублимирани резултатите од средбата, со заклучоци што ќе бидат испратени до Европската Комисија.


На тренингот што се спроведува во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина, во рамките на активностите на Меѓународната мрежа ЕЦЕНА (Environmental Compliance and Enforcement Network for Accession) во која членуваат повеќе држави од Југоисточна Европа, учествуваат 17 државни инспектори за животна средина и заштита на природата.

Ohridnews