Жените кои се вработени во државните институции годинава не смеат да примаат скапи подароци за 8. Март, бидејќи од 13-ти минатиот месец почна да се применува новиот Закон за вработените во јавниот сектор, во кој вредноста на подарокот кој смеат да го примат државните и јавните службеници е ограничена до 1.000 денари, објави „Вест“.
Но и покрај новата законска регулатива, децата во училиштата деновиве собираат пари за скапи подароци за учителките и наставничките.
Според новите законски прописи, доколку дарителот инсистира на примање поскап подарок од 1.000 денари, вработениот е обврзан да го достави подарокот до работодавачот, велат од Министерството за информатичко општество и администрација.
OhridNews
Извор:„Вест“