Каква сензација! Браво момци, браво! Вие сте вистински херои, оваа вечер покажавте што значи борбеност, желба, истрајност! Неверојатна победа која е резултат на многу труд и работа, но пред се љубов кон националниот дрес, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски по вечерашната победа на Македонската фудбалска репрезентација.
Премиерот упати честитки и за селекторот Милевски и целиот тим, посочувајќи дека оваа вечер нема никогаш да ја заборавиме.
На чекор до Катар, благодарни сме на радоста што ни ја приредувате, напиша на Фејсбук претседателот Стево Пендаровски по вечерашната победа на Македонската фудбалска репрезентација.
Нашите фудбалски херои веќе ја испишаа историјата на македонскиот фудбал. Честитки за победата, пожртвуваноста, храброста и борбеноста во играта на нашата македонска фудбалска репрезентација против силниот противник, напиша Пендаровски.
Вечерва во Палермо македонските фудбалери направија вистинска сензација победувајќи го актуелниот европски првак Италија со 1:0 во полуфиналето од плејофот за Светското првенство 2022.
OhridNews
Фото: Миа