Макeдонскиот државен врв неколку часа по добивањето на новиот предлог од специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, за решавање на спорот со името наметнат од Грција, доцна синоќа се состана во Скопје.

Претседателот,  премиерот на државата и министерот за надворешни работи од преговарачот Никола Димитров, го слушнаа најновиот предлог на медијаторот Нимиц за решавање на спорот со името, кој и натаму останува голема тајна.

Но, по реакцијата на грчкиот преговарач Василакис, кој на прес конференцијата вчера во Атина изјави дека предлогот всушност претставува модификација на ноемврискиот предлог на Нимиц кој Македонија го одби како тотално неприфатлив, може да се заклучи дека Грција е задоволна од истиот. Тоа го потврдува и широката насмевка на грчката министарка за надворешни работи Дора Бакојани, наспроти разочарувањето кое вешто се обиде да го сокрие македонскиот преговарач Димитров.

Иако медијаторот Нимиц изјави дека нема понуда „земи или остави“, американскиот дипломатски притисок кој деновиве се врши врз Македонија да не го одбива новиот предлог, говори за сложеноста на ситуацијата. За в четвртоик закажана е средба на лидерите на поголемите политички партии на која ќе се разговара и за билатералниот спор за името со Грција, а деновиве се очекува земјава да го објави и конечниот став во врска со ова прашање.

ohridnews