Државниот врв и лидерите на политичките партии изградија единствен став во врска со најновиот предлог на медијаторот на ОН, Метју Нимиц за решавање на спорот со името. Ова по средбата на лидерите на партиите со премиерот и претседателот на државата, го соопшти министерот за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошовски.
Тој рече дека политичкиот врв постигнал заеднички став околу продолжување на преговорите со Грција, кој нема да и биде соопштен на јавноста, пред да биде елабориран на медијаторот Нимиц. Тој соопшти дека Македонија на Нимиц ќе му соопшти кои делови од неговиот последен предлог се прифатливи, а кои не за земјава.
Се очекува деновиве медијаторот Нимиц да го соопшти датумот кога ќе продолжат преговорите помеѓу Македонија и Грција во врска со наметнатиот спор за името.
ohridnews