На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ попладнево пристигна државниот секретар на САД Мајк Помпео, кој ќе престојува во официјална посета на нашата земја. Тој беше дочекан со највисоки државни почести и со силно обезбедување.

Добредојде на Помпео на охридскиот аеродром му посака министерот за надворешни работи Никола Димитров, по што високиот гостин се упати кон комплексот вили во Горица, каде ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

Мајк Помпео е прв државен секретар на САД што ја посетил земјава, по Колин Пауел кој престојуваше во официјална посета на Скопје за време на конфликтот во 2001 година.

Помпео по средбите со Пендаровски и Заев во Охрид, ќе отпатува за Атина.

OhridNews
Фото: Емил Јовановиќ