Државните инспектори од областа на работните односи во мај, извршиле вкупно 3274 инспекциски надзори, при што биле затекнати вкупно 378 непријавени работници. Донесени се 73 решенија за забрана на работа на работодавачот во траење од 30 дена поради затекнати непријавени работници и неплатени придонеси (затворени се 73 фирми за период од 30 дена согласно член 259 од Закон за работни односи).

Во мај пријавени се 85 работници по донесени решенија за забрана за работа. Исто така, донесени се 160 решенија за отстранување на повреди на законот и други прописи. Поднесени се и 93 барања за поведување на прекршочна постапка.

Ohridnews