За прв пат во Турција тројца државни службеници се бидат под истрага поради тоа што постапиле спротивно на прописот за надзор на градбата и предизвикале телесни повреди и смрт на луѓе во катастрофалните земјотреси на 6 февруари минатата година, во кои 69 лица загинаа, а 16 беа повредени поради урнат блок во градот Дулкадироглу во округот Кахраманмараш, јавува турската приватна телевизија НТВ.
Тие се осомничени дека поради невнимание и неправилно вршење на службената должност предизвикале смрт и телесни повреди. Станува збор за вработени во општина Дулкадироглу – тогашниот заменик-директор за територијално планирање и урбанизација Арзу Јозаидан, електроинженерот Јонер Гурбизел и архитектот Серап Биниџи, кои се прогласени за виновни во вештачењето.
Обвинителот побарал дозвола од окружната управа на Дулкадироглу за тројцата да бидат испитани, што било одобрено со образложение дека осомничените постапиле спротивно на прописот за надзор на градбата. Отворена е истрага за наводи за предизвикување смрт и телесни повреди од невнимание и злоупотреба на службената положба.
Областа Кахраманмараш беше епицентарот на разорните земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала на 6 февруари минатата година, во кои загинаа повеќе од 53 илјади луѓе.
OhridNews