Денеска во Струга започна дводневна работилница на тема „Подготовка и унапредување на текстот на предлог наративниот дел на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2016 – 2019“.

На работилницата свои предлози и ставови за доградување на предлог текстот ќе може да дадат сите државни институции, невладиниот сектор, ОБСЕ, експерти од Европската комисија и бизнис секторот.

Претседателот на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Горан Миленков појасни дека Државната програма 2016-2019 година е стартешки документ со кој Република Македонија ги следи антикоруциските стандарди.

-Ова прeтставува и законска обврска на Комисијата и сите 54 земји потписнички на Kонвенцијата имаат обврска тоа да го направат со донесување програма која институциите во државата се должни да ја следат и имплементираат, рече Миленков.

Тој објасни дека документот кој веќе е изработен претставува Национална стратегија на Република Македонија за борба против корупцијата.

Државната програма за превенција и намалување на судирот на интереси 2016-2019 година се очекува да биде донесена и промовирана на Меѓународниот ден за борба против коруцијата, 9-ти декември.

OhridNews