Владата најави дека ќе ги преземе сите мерки и активности за да се надомести евентуалната штета на имотот на домаќинствата и институциите кои беа погодени од вчерашното невреме.

„Владата на Република Македонија, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, согласно законските норми и законските процедури, веќе преземаа мерки за собирање на информации во насока на утврдување на видот на штетите предизвикани од невремето и утврдување на големината на оштетеност на секоја единица кај која е предизвикана штетата.

По обработката на податоците од страна на Републичката комисија за проценка на штети, Владата на Република Македонија и нејзините институции и органи, ќе издвојат средства за надоместување на евентуално предизвиканите штети на секоја единица кај која се утврдила фактичката состојба“, стои меѓу другото во соопштението на Владата.

Ohridnews