Државјанин на САД на возраст од околу 60 години смртно настрадал при пад од зграда во центарот на Охрид. Немилиот настан се случил попладнево нешто по 16 часот.
На местото на настанот увид изврши јавен обвинител. Иако истрагата се уште е во тек, сомневањата се дека се работи за самоубиство.
Засега не се соопштуваат повеќе информации за случајот кој ја вознемири охридската јавност.
OhridNews