Полициските службеници на Езерската полиција вчера околу 13 часот, во водите на Охридското Езеро, од правец на Св.Наум према караула Радожда, на околу 2 километри од граничната линија во територијата на Република Македонија, сопреле чамец со албански државјани кои вршеле недозволен риболов.
-Откако забележале дека полициските службеници им се приближуваат, лицата кои биле во чамецот ги фрлиле рибарските мрежи и се упатиле во правец на државната граница кон Република Албанија. Од страна на полициските службеници, на околу 1.500 метри од државната граница, чамецот бил запрен при што во него биле затеканти Ј.Ш.(21), Д.Б.(18) и едно 5 годишно дете, сите државјани на Албанија, се вели во соопштението на МВР.
Во него се информира дека по извршениот преглед во чамецот бил пронајден риболовен алат и девет парчиња риба од кои 5 пастрмки и 4 белвици со вкупна тежина од 1,4 килограми.
Од Ј.Ш., со потврда за привремено одземени предмети одземено е метално кајче и пента за истото, кои се предадени во ПС за ГН „Охридско Езеро“ за понатамошна постапка, а лицата биле предадени на полициските службеници од ПС за ГН „Франгово“ за понатамошна постапка.
OhridNews