Преставниците на Македонија, Албанија, Грција, Црна Гора и Косово, во петок, 24 април, ќе ја потпишат Стратешката Акциона Програма за одржливо управување со басенот на реката Дрим, која е од исклучителна важност за иднината и развојот на нашиот регион.
Акционата програма содржи преку 100 акции и мерки кои ги допираат заедничките предизвици и го промовира одржливиот развој како придобивка за 1.6 милиони жители во Басенот на Дрим. Дури и во време на отежнати услови на COVID 19 пандемијата, петте држави со овој чин испраќаат силна порака дека управувањето со водените ресурси и преку тоа јавното здравје и квалитет на живеење, остануваат приоритет и стремеж. – вели Дејан Пановски, македонски претставник во иницијативата.
Поради актуелната состојба со Ковид 19, церемонијата на потпишување ќе се одржи виртуелно преку видео врска.
OhridNews