Министрите за надворешни работи на државите членки на Централно-Европската Иницијатива (ЦЕИ), ќе одржат состанок денеска во хотелот „Метропол“ во Охрид. Состанокот се одржува во рамки на овогодинешното претседавање на Република Македонија со ЦЕИ.

Како што е најавено, на состанокот ќе присуствуваат министри за надворешни работи, заменици министри за надворешни работи, претставници на министерства за надворешни работи и/или нивни претставници од државите членки на ЦЕИ како Македонија, Албанија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Унгарија, Италија, Словенија и Украина. 

Покрај нив, на состанокот ќе присуствуваат и специјални претставници од Европската Унија, Европската банка за реконструкција и развој, Секретаријатот на ЦЕИ, ОБСЕ, Совет на Европа, Советот на Балтички држави, РЦЦ и многу други.

OhridNews