Репрезентацијата на Македонија во атлетика ќе има два свои претставници на Европското првенство во сала, кое ќе се одржи во Полска следниот месец, откако на Јован Стојоски му се приклучи Дарио Ивановски.

Најдобриот македонски атлетичар на 1 500 метри на митингот во Белград истрча со резултат (3:44.98), со што го подобри државниот рекорд за 8 стотинки, кој беше во негова сопственост. Тој ги освои потребните 1088 бодови на рејтинг листата и обезбеди норма за Европското првенство во сала.

Стојоски норма исполни на 400 метри.

OhridNews