Охридската стрелачка Нина Балабан имаше инзвондрен настап на меѓународниот ГРАНД ПРИ турнир во главниот град на Србија, Белград освојувајќи го бронзеното одличје со нов државен рекорд во дисциплината гаѓање со воздушна пушка од десет метри.
Балабан, во два наврати успеа да го подобри личниот кој воедно преставува и државен рекорд. Во првиот натпреварувачки ден охриѓанката испука 414.7 кругови и за 3.7 кругови го подобри рекордот остварен во Минхен минатата година и се пласираше на 9-то место.
Својот квалитет, носителот на повелбата „Св. Климент Охридски-Патрон на Охрид“ за 2016 година, Балабан го потврди во вториот натпреварувачки, каде постави нов државен рекорд со испукани 415.8 кругови кој и обезбеди пласман во финалето. Меѓу најдобрите осум стрелци Балабан заврши на третата позиција со 184 кругови, само 2.9 помалку од првопласираната Вукашиновиќ од Србија.
– Задоволна и пресреќна сум. Знам дека можам, а тоа го потврди со резултатот остварен во Белград. Концетрацијата ја задржав во текот на сите гаѓања, што ја покажува мојата форма. – изјави за Ohrid News, Балабан.
Спортскиот лауреат во Охрид за 2013 година маестрално ја заокружува годинава во која ќе се памети нејзиното учество на Летните Олимписки игри во Рио де Жанеиро.
Мх.П.