Во предлог одлука за претседател е именуван Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, а за членови на Одборот за одбележување на 1100 години од смртта на Св. Наум Охридски се избрани: Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, Митрополитот дебарско – кичевски г. Тимотеј, – Игуменот на манастирот Св. Наум Охридски г. Архимандрит Нектариј, пратениците во Собранието на Република Македонија, Цветко Грозданов, Томе Чинговски, Сафет Незири, Бесим Догани и Роза Топузова- Каревска, како и академикот Цветан Грозданов и професорот Стојан Ристески.
Овој одбор ќе биде формиран во согласност со Одлуката за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија и Програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2010 година.