Денеска во ООУ „Св. Климент Охридски“ се одржа Државниот натпревар по шах во организација на Федерацијата на училишни спортови на Република Македонија. Во натпреварувачкиот дел учествуваа 95 шахисти од земјава.
На отворањето на настанот во име на градоначалникот Кирил Пецаков присутните ги поздрави раководителот на Секторот за образование и култура при Општина Охрид, Димитар Спасески.
Дозволете ми да го изразам моето огромно задоволство што Охрид е домаќин на државниот натпревар во шах. Тоа значи дека денес меѓу нас се најголемите умови од земјава затоа што шахот е вежба за мозокот и игра на исклучително паметни луѓе со висок коефициент на интелигенција и умствена дарба. Овој спорт е стар повеќе од 2 000 години и уште е наречен „игра на големите умови“. Јас сум сигурен дека на денешниот настан присуствуваат спортски судии, теоретичари и веле мајстори во шаховски вештини. Секако посакувам да победи најпаметниот во најпаметните, рече Спасески.
На настанот се обратија и претседателот на Федерацијата на училишни спортови на Македонија и директорот на ООУ „Св. Климент Охридски“, Јордан Пуроски.
OhridNews