Одлични резултати за македонскиот туризам, според најновите статистики на Светската туристичка организација (UNWTO). РС Македонија за 2021 година забележала раст на меѓународни туристички пристигнувања од 139%, велат од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.
Со ова земјава е на петто место во светот како дестинација со најголем раст на странски туристи, меѓу кои и Црна Гора, Кипар, Малдивите и Босна и Херцеговина, велат од АППТ.
Очекувањата и оваа година се оптимистички, велат од АППТ, а целта е 2,5 милиони ноќевања со зголемен број на странски туристи за 20% до 30%.
Заздравувањето на секторот туризам се одвива полека но сигурно, со фокус и акцент на одржливите форми на туризам, додаваат од АППТ.
OhridNews