– Агенцијата го потсетува советникот дека како никогаш до сега од државата не се издвоени повеќе средства за промоција на туризмот. Имено за првпат се креирани туристички спотови „Macedoni timeless“ кои се емитуваа во една организирана медиумска кампања на повеќе светски ТВ канали ( во кој е и спотот за Охрид), како никогаш до сега не се реализирала програма на поканување странски туроператори ( за потсетување туроператорите и новинарите од Холандија во февруари се дело на Агенцијата која финансиски го помогна нивното доаѓање со цел поддршка на чартер летовите од Холандија до Македонија, а со тоа Охрид се најде во најчитаниот дневен весник „Телеграф“ благодарение на новинарот кој беше во Охрид), саемските манифестации во странство, презентации во странство, билборд кампањи….., се е тоа дело на државата односно на Владата.
За потсетување на советникот – промоцијата на туризмот не се одвива само од страна на Агенцијата туку и од голем број други владини институции кои во заедничка координација го промовираат туризмот. И на крај оваа Влада издвои огромни средства за субвенционирање на странските туристи за првпат во историјата на Македонија, се вели во реакцијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која го храбри Советот на општината да издвојува што повеќе средства за промоција на Охрид.