На денешното собрание на акционери во компанијата ЕМО ОХРИД се донесе Одлука за претворање на побарувањата на Република Македонија од АД ЕМО ОХРИД во траен влог во акции во износ од 464.038.461 денари или 7.586.723 евра. За тој износ ЕМО ОХРИД ќе пушти во оптек втора емисија на хартии од вредност односно 247.285 обични акции по номинална цена од 30.68 евра од акција и вкупниот број ќе изнесува 614.926 акции, соопшти компанијата.

Со претворање на побарувањата на Република Македонија во траен влог во ЕМО ОХРИД се зголемува и вкупниот запишан капитал на Друштвото за нови 7.586.723 евра и заедно со моменталниот запишан капитал во Централниот Регистар на РМ ќе изнесува вкупно 18.865.949 евра.

Тоа значи дека се променува постоечката сопственичка структура со што директно ќе се зголеми процентот на сопственост на капиталот на државата, односно, досегашниот процент на сопственост од 41.71% се зголемува на 65.15% односно 400.626 обични акции од кои 153.341 акција во сопственост на фондот на ПИОМ и 247.285 акции во сопственост на Владата на Република Македонија.

Бидејќи државата станува доминантен сопственик на капиталот се очекува компанијата да биде поатрактивна при продажбата на капиталот на нов сопственик во иднина, се вели во официјалното соопштението на компанијата ЕМО Охрид, од одржаното акционерско Собрание.

Ohridnews