Оваа програма покренува иницијатива за пошироко запознавање на граѓаните со правата на малолетниците и начинот на одржување на здрави комуникациски односи во рамки на семејството. Исто така планирано е да бидат отворени и теми за заштита на малолетниците од наркоманија, алкохолизам и други болести на зависност, како и за проблемите на образованието, воспитувањето, за односот на средствата за јавно информирање врз создавање на малолетничко престапништво и превенција од истото.
Покрај запознавањето со основните проблеми, ќе се иницираат и истражувања и студии за проблемите на малолетничкото престапништво, при што е планирана соработка со меѓународни организации и тела, ангажирани во заштитата на правата на детето.